Бабам Битола, Битола стари фотографии, Градот на Конзулите и Тера ТВ заедно со вас и фотографиите од Битола и битолчани низ минатото. Оваа недела ќе му посветиме повеќе внимание на љубителите на небесните височини, за Аеро Клубот Мирко Тодоровски, неговите членови, моделарската секција и др.

На следната фотографија е битолчанецот Бранко Поповски заедно со воздухопловни моделари за парадата по повод 25 Мај фотографирани кај Саат Кулата во Битола, кои заедно со своите модели се движеа по цел Широк Сокак. Инаку таа секција беше дел од активноста на Аеро Клубот во Битола која ја водеше Мирко Тодоровски, чие име денес го носи клубот, додека во Пионерски Дом а и покасно во ОУ Др.Трифун Пановски моделарската секција ја водеше битолчанецот Бранко Поповски. Инаку фотографијата е направена некаде 1956/57 година“ 

Фото Перица Поповски.
Во организирање сме на еден мал мини настан, изложба на Стари фотографии од клубот Мирко Тодоровски, промоција на книга на битолчанецот Перица Поповски, преставување на модели од моделарските секции и сл. Настанот ќе биде во кафе Аеро, лоциран во поранешната локација на Аеро Клубот, во близина на Офицерски Дом. Ден недела 03.12.2017 г. во 13.00 ч.

Влез слободен. Да се подружиме ние љубителите на синилото и малце да започниме со иницирање на повторно враќање на моделарството во нашиот град. 

Ви благодариме.

Врати порака

Please enter your comment!
Please enter your name here