Бабам Битола, Битола стари фотографии, Градот на Конзулите, Тера ТВ и вие битолчани, заедно и овај понеделник. Заедно со внатрешноста на нашиот безистен. Со бројните куполи со кои наликува на тврдина, со трите внатрешни улички и со четирите големи метални порти тој е еден од најголемите покриени пазари во регионот. Изграден е во XV век од страна на Румелискиот Беглер бег, големиот везир и познат ктитор Кара Даут Паша Узунчаршили. Во текот на своето постоење честопати бил ограбуван и опожаруван, доградуван и преградуван. Тука се продавал најубавиот и најквалитетен текстил и скапоцени ткаенини.

Тука во посебни делови се чувале парите од даноците од целиот Румелиски Вилает пред да бидат однесени во царската благајна. Фотографијата датира од средината на минатиот век кога тука  имало многу касапници и најповеќе се продавале емиш и зарзават…