fznor_vivid

Бабам Битола, Битола стари фотографии, Градот на Конзулите и Тера ТВ секој понеделник заедно со вас и фотографиите од Битола во минатото. За оваа понеделничка доза ви го претставуваме почетокот на изградбата на Офицерски Дом во 1911 година започната од управникот на битолскиот вилает Абдул Керим Паша и овековечена од Браќата Манаки. Повеќе нивни стари фотографии можете да погледните во проекцијата на Роберт Јанкуловски која се одржува во НУ Центар за Култура Битола насловена под името “Манаки приказна во слики”