Едно мало дуќанче на почетокот на Битолската Стара Чаршија постојано го задржува погледот на битолчани,кои поминувајќи покрај него сакаат дали преку цртеж или пак фотографија да си го овековечат лично за нив, засекогаш. Некои го викаат “Бродот” други “Кај кантарот”.Едно мало ќошесто триаголно дуќанче,мало дуќанче со уште помало балкунче. Бакалчето на Никола Пржита. Дел од фамилијата и семејниот бизнис на фамилија Пржита. Најпрочуен е неговиот син Јанко Пржита кој бил познат шеќерџија во периодот помеѓу двете светски војни.

Бил познат битолски шеќерџија, еснаф, градски човек, најпознат по неговите вкусни локуми кои биле познати се дури до Ниш,Р.Србија каде тој истите успевал без проблем да ги доставува и продава. Најголем подем имаше послем 1930 г. се до 1942 г..Од 1942 г. до 1944 г. бил интерниран од бугарската власт во Битола под изговор дека бил “влав англофил”. Неговата трагедија продолжува во 1947 г. кога новата “народна” власт му го конфискува целиот имот,куќата и дуќанот под изговор дека тој бил “воен богаташ”, а тој години интерниран од бугарите…

Помирен со новата реалност и главата горе, Јанко продолжува да работи како и другите познати битолски шеќерџии во фабриката за чоколада и кекси Прогрес во Битола.Таму тој си го задржува своето реноме за добар мајстор,домаќин и чесен човек. Дуќанчето го користеше “Прехрана” како магацински простор и го доведе до крајно катастрофална состојба. Сега тоа е повторно вратено во владение на фамилијата Пржита и истиот ден денес го издаваат.

Состојбата кај повеќето големи градски битолски фамилии кои имаа барем еден мал финансиски подем во раните години од прошлиот век е кај сите иста или слична.Имотот,дуќаните и се што макотрпно печалеле, златниците, покуќнината, се им било одземено. Дури сега во поновите години, еден многу мал дел од тоа што остана му е вратено.
Повеќето од објектите сега се заборавени, новите газди се или повеќе лица,наследници или се без материјални средства и тешки за договор кој е потребен за тие да се обноват.На повеќето висат искривени табли закоени со шајќи на кои пишува “СЕ ПРОДАВА”.

Истата приказна и судбина ја делат повеќето грандиозни и убави објекти кои се споменици од тоа убаво Конзулско време.Не потсетуваат на едно време кога Битола беше град над градовите, градот на Конзулите.

Благодарност до фамилија Пржита,посебно до Ник 

Врати порака

Please enter your comment!
Please enter your name here