За некои контроверзна личност,за други урбана легенда.Го познаваше цел град,претежно градските и секојдневните локални минувачи на кои без срам и перде знаеше да им речи “Ајде лепотане дај една банка” а на побогатите знаеше и по една стотка или повеќе да им побара.

Не ретко нејзина мета беа и свештениците,кои стално бегаа од неа бидејќи таа знаеше се и сешто за нив.

Некогашната наша сограѓанка,битолчанката Марија Шундовска или која сите ние ја знаевме како баба Маријанти.

Не постои битолчанец што не се сретнал или не слушнал за оваа загадочна личност, која со своите навршени 90 години одбележа една цела епоха во Битола. Нејзиниот необичен живот, како и нејзиното мистериозно однесување за многумина беше и сѐ уште претставува една голема енигма. Општопознато е дека од нејзината уста многу често се излеваа обилни благослови, но понекогаш, со својот препознатлив хумор, таа знаеше да исмее, разобличи, прекори, навреди…*

Умееше вистински да ги потресе своите сограѓани, поттикнувајќи ги така да размислат подлабоко за нивните постапки. Своите денови баба Маријанти ги поминуваше како скитница по битолските храмови, по улиците, на јавните места, просејќи на еден ексцентричен начин пари од минувачите, кои потоа ги подаруваше онаму каде што имало најголема потреба, не задржувајќи ништо за себе. Ќе остане запаметена и по тоа што уште од времето на безбожниот комунизам, оваа несекојдневна личност, која за некои беше соблазна, а кај други, пак, предизвикуваше контроверзни мисли, сепак, со ревност ја проповедаше христијанската вера, секогаш се грижеше за чистотата во храмовите Божји и никогаш не изостануваше да ги чисти и пали кандилата пред светите икони.

Маријанти во младоста била многу убава девојка,на нејзинатата надворешност и прекрасни фустани и завидувале дури и најимотните во градот.

Нејзината мисија,по која ние сите ја паметиме е големиот подвиг која во името на Господ таа го направи е тоа што со тие пари кои таа ги питаше изгледа и порасна дури осум деца од самохрана фамилија.

Згрбавена,облечена во црно,со шамија околу главата постојано беше присутна на Широк Сокак.Тука го минуваше повеќето време каде просеше од сите кои ќе ги затекнеше на улица или седнати по кафе баровите.Постојано беше присутна и во црквите дали за празник или за венчавка и слично.

Секоја средба со неа ни предизвикуваше необјаснива радост и ведрина и покрај тоа што знаеше да ни испрати зборови “оштри како стрели”.
Нејзините последни денови ги помина во Домот за стари лица во Битола, Сју Рајдер,каде се третираше најдобро што може. И од таму во инвалидска количка одеше во посета на храмовите не застанувајќи во својата мисија.

Сигурно вие битолчани уште многу,многу можете да додадете за неа…

Почина 6ти Февруари 2015 година на 90 години…

*краток извадок од www.bigorski.org.mk

Фото непознат извор

Врати порака

Please enter your comment!
Please enter your name here