За убав почеток на неделата,понеделнички на нашата ВЕБ страна www.babambitola.mk и телевизија ТЕРА,фејсбук страните Бабам Битола/Babam Bitola,Битола Стари Фотографии и GRADOT NA KONZULITE,како серијал ќе одат професионално обработени и дигитализирани фотографии од делови на Стара Битола,куќи,хотели објекти кои некаде сеуште постојат а некаде повеќе ги нема.
Сакаме заедно со сите вас да му посветиме повеќе внимание.
Сакаме заедно да ги разгледуваме и објаснуваме бидејќи за многу објекти и некогашни знаменитости од нашата Битола многу и не знаеме.
Сакаме сето тоа да остане засекогаш за сите нас битолчани,да остане за нашата Битола…
Повелете слободно со ваши коментари,ваши објаснувања,сеќавања од вас или постари…
Вечни и во секое сеќавање остануваат само убавите работи кои ние како луѓе ги правиме…

Ви благодариме…

За Битола,бабам Битола…

Посебна благодарност до Љубица Ангелкова-Манговска,Благојче Андонов,Сашо Првуловиќ и многу многу други,вклучувајќи Ве и вас кои не следите…