Прво место на 37-миот државен натпревар во АСУЦ со проект G.E.O.R.G.E. во Unreal Engine
за ученикот Димитар Бежановски од IV-5 одд. и неговиот ментор Јани Сервини од СОТУ Ѓорги Наумов Битола.

Инаку GEORGE е главниот лик кој е киднапиран од вонземјани кои на неro вршат различни експерименти и ro претвораат во човек-машина (cyborg) за нив да им служи. Сепак, GEORGE успева да побегне од нивниот свемирски брод во капсула за спасување и да спушти на Земјата…

По слетувањето, изнемоштен, испрака сигнал за спасување и паѓa во бесознание.
После тоа негo ro наоѓa нашата армија и тој се приклучува во нејзините редови заради одбрана на Земјата. Ненадејно, вонземјаните ја напаѓаат базата и GEORGE оди од битка во
битка, се до финалната борба кога ќе успее да ги победи вонземаните и да ја спаси планетата. Играта има неколку тежински нивоа, и во секое од нив се појавуваат моќни противници, чудовишта, против кои GEORGE користи најразлични оружја.

Видео од играта на https://youtu.be/K43GqO88bIo

Честитки Димитар/ Јани/ СОТУ Ѓ.Н.