Во организација на ФФМ, денес стартуваше официјалната младинската лига за девојки, а екипата на ЖФК Топ гол во ова натпреварување учествува со две категории и тоа со младинки и кадетки.

На првиот натпревар против екипата на ЖФК Габер од Кавадарци кој се одигра на фудбалското игралиште во С.Буково кадетките против своите врснички остварија висока победа од 9:0,

додека младинките победија со конечен резултат од 3:1.

Во ова оваа група се и екипите на АС Јунајтед, Љуботен, Кратово и Атлетико.