Почитувани сограѓани, Ве известуваме дека Кромберг & Шуберт Македонија Дооел Битола“ организира ОТВОРЕН ДЕН за сите кои сакаат да се запознаат со начинот на работа во компанијата.

За таа цел во петок, 23.02.2018 година сите заинтересирани ќе имаат можност да ја посетат фабриката и да се запознаат со процесите и работните места за време на прошетката која ќе биде спроведена од страна на претставници на компанијата.

Превозот до индустриската зона во Жабени ќе биде организиран од страна на Кромберг & Шуберт во 9:30 ч. од постојката кај „Ракометно“ во соработка со компанијата МиГ Травел од Битола. Автобусите ќе бидат обележани со посебни натписи на кои ќе биде наведена намената на превозот.

Веќе шест години по ред оваа компанија гради една поинаква приказна и придонесува за стабилноста на повеќе од 5700 семејства во Пелагонискиот регион. Нашата цел е да бидеме најголеми и најдобри со 7000 задоволни вработени.

Повелете, бидете наши гости и запознајте нé подобро !

Да, знаеме дека за нас се зборува многу но не верувајте во сѐ што ќе чуете – дојдете и сами уверете се во работната атмосфера која владее во компанијата како и во условите кои ги нудиме.

Напомена: Ние ќе растеме и ќе нудиме можности за вработување до септември 2018 година заради што сакаме да ги избереме најдобрите да се приклучат на нашето големо семејство сега, кога за тоа има шанси.

Бидејќи компанијата ќе го достигне својот максимален капацитет и повеќе нема да растеме, веќе кон крајот на оваа година можностите за вработување ќе бидат ограничени бидејќи ќе се фокусираме на консолидација на тимовите.

Времето да се приклучите на нашиот тим е ограничено ! Инвестирајте во својата иднина сега – одберете интернационална компанија со повеќе од стогодишна традиција и знаење, и тоа, овде во Битола. Интернационално – а наше.

Петок, 23.02.2018 во 9:30 ч. кај ракометно. Ве очекуваме.

Со почит. Кромберг и Шуберт Македонија, ДООЕЛ Битола