ЗА НАС…

Бабам Битола е проект кој започна на 27-ми февруари 2015 г. како страна на социјалната мрежа Фејсбук насловена “Убавините на битолската архитектура“. Започна како една нова љубов, како ново заедничко дружење и изразување на голема почит спрема сето она кое ние го имаме и го има нашиот град Битола. Започнавме со фотографирање на неговите големи и убави знаменитости, а потоа и со нивно објаснување. Додадовме раскажувања на лично вашите приказни, преубавите и сигурно макотрпни истражувања на битолските хроничари и новинари Такец, проф.Џоџа-Цолев, проф.Стерјовски, Жанета Здравковска, Марина Апостолова, Петар Ставрев, Менде Петковски и многу многу други.

Како “Bitola Art & Architecture” добивме уште поголема поддршка и стекнавме многу нови пријателства кои и ден денес се од целиот свет. На некои и им помогнавме во откривање на нивното потекло за што некогаш можи ќе раскажеме во некоја приказна. За една година според статистиките на Facebook Page Menager имавме 1.000.000. прегледи по што се одлучивме и за веб страна www.babambitola.mk каде и тие кои немаат facebook  ќе можат да не читаат.

Убаво е на едно место да имаме сѐ за Битола. Да имаме фотографии од нашата Битола и да ги имаме приказните на битолчани, нешто кон кое се насочивме и го остваруваме. Дел по дел, градиме еден бренд со кој се надеваме дека Битола ќе биде препознатлива насекаде во цел свет. Присутни сме и на фб страните Бабам Битола/Babam Bitola со 13.000 ,GRADOT NA KONZULITE 30.250  и Битола Стари Фотографии со 14.240 гледачи.

Се грижиме и си зедовме наша обврска барем еднаш дневно да имаме по една убава содржина …

Ви благодариме многу за вашата голема поддршка, за вашата искреност и споделување на дел од вашиот живот и фотографии. Ви благодариме за почитта кон нашата работа, за вашeто драгоцено внимание и одвоеното време… Ги сакаме вашите приказни. Некогаш можеби ќе тропнеме и на вашата врата и вашата приказна ќе дојде на ред. Приказна која сигурно многу ја очекуваат битолчани…

Секое добро и голем поздрав до вас, вие големи градски деца од градот на Конзулите…

А Битола, била и ќе биде! Битола е град кој во срце се носи! Битола, кој еднаш замина цел живот тагува!

Голема благодарност до Љубица, Гордана, Благојче, Сашо, Димитар, Иван, Благој, Бобан, Валентина, Викторија, Евгенија, Валентин, Ник, Јелена, Мима, Аница, Стево, Димче, Мина, Фатос, Маргарита, Андрју, Лилјана,Томислав,Чунга, Драги, Ѓуро, Тони, Tоше, Рената, Владо, Џони, Александар, Никола  и многу многу други…

Нашите фотографии, содржини, текстови и истражувања Ви се достапни  слободно да ги превземате и објавувате. Спомнете ја само Битола.

 

Наш контакт на

[email protected] 

Доколку сте заинтересирани за маркетинг кликнете ТУКА

Доколку сакате да донирате или помогнете за нашата работа, частете на кафе на нашата банковна сметка бр.320500024368806 Централна Кооперативна банка АД Скопје.

Ви благодариме!