Под влијание на умерен топол бран од јужните географски широчини, поточно од северните предели на Африка, во пределот на нашата Битола и битолско и понатаму времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност.

Во текот на доцните попладневни и вечерни часови можен е умерен развој на локална нестабилност (особено изолирана) проследена со краткотраен пороен дожд и грмежи а особено на планините можна е и ретка појава на град.

Максимумот на температурите на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 27 до 35, 36 степени.

УВ ИНДЕКСОТ ќе има МНОГУ ВИСОКА до ЕКСТРЕМНА вредност и ќе изнесува од 9 до 10.

Ќе дува слаб доумерен ветер од северозападен и од западен правец и истиот ќе има засилување во својот интензитет на запад и тоа утре (понеделник).

Во вторник и во среда ќе има локална нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот а не се исклучува можноста и за сосема редок град.

Ќе дува западен ветер кој во вторник доцна попладнето и вечерта особено на север ќе го смени правецот во северен.

Исто така во среда температурите на воздухот ќе бележат тенденција на мал пад и ќе се искачуваат во интервалот од 25 до 33 степени.

За подетални информации контактирајте ме на мојот официјален фејсбук профил каде можете да ја погледнете и секоја ново – обновена временска состојба – СЛАВЧО ПОПОСКИ.