Оваа ноќ централните како и источните предели од државава ќе бидат под влијание на циклонот БРУНО кој ќе услови нестабилно време на повеќе места со поројни врнежи од дожд, грмежи и засилен ветер.

Во моментов баш над Битола се појавија грмежи и критична нестабилна маса, оваа ноќ кон сабајлина и утре очекувајте дека се зголемуваат условите за повеќе врнежи и грмежи. Затоа Ве ПРЕДУПРЕДУВАМЕ:

“Во случај на појава на електрични празнења да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја, додека електричните уреди во домовите додека траат електричните празнења да се исклучуваат од штекер, а автомобилите да се ставаат понастрана од дрвја во случај на појава на силен ветер.”
За подетални информации контактирајте ме на мојот официјален фејсбук профил каде можете да ја погледнете и секоја ново – обновена временска состојба – СЛАВЧО ПОПОСКИ!