Во текот на вчерашниот ден во кафе Бар Чаршија, кој е лоциран во старата чаршија во Битола, се одржа еден навистина необичен настан и тоа една слатка мала роденденска прослава каде кучето Зиги (Ziggy),

бордошка дога француски мастиф, со торта и свеќа го прослави својот 2-ри роденден.

Зиги е мирен и лојален чувар, друштвено куче кое најповеќе сака да си игра со деца. Од нас честит роденденот и му заблагодаруваме на неговиот газда Енвер Џемал за фотографиите и несекојдневниот гест кој заедно со неуморната екипа од Бар Чаршија му го приредија на нивниот “најдобар другар”. Со почит.

п.с. Тортата била петка, ни шепна Зиги