Битола ќе може да слушне, види доживее фузија од музички стилови… Докажаниот џез виртуоз, пијанистот Васил Хаџиманов со македонско потекло, син на легендарните Зафир Хаџиманов и Сенка Велетанлиќ, доаѓаат заедно со својот бенд на Тераса Широк Сокак.

©️ Predrag Ilic Rex Images

Уникатноста на Васил Хаџиманов бенд е во комбинирањето на балканските традиционални, фолк ритами и западните, модерни музички стилови џез, фанк, рок, ворлд мјузик, правејќи потполна автентичност, која претставува нов пристап во џез музиката..

Повеќе од 20 години пијанистот и композитор Васил Хаџиманов и музичарите во Васил Хаџиманов бенд, со огромна љубов, ентузијазам создаваат специјална енергија и спонтаност каде публиката ужива на концертите и џез фестивали низ целиот свет.

Сите вие кои сакате да присуствувате на овој настан Ве очекуваме на 30-ти Август (Четврток) во Хотел Епинал на Тераса Широк Сокак.