Селекторот на Македонската сениорска репрезентација г-дин Раул Гонзалез го објави поширокиот список на 28 ракометари за претстојните квалификациски натпревари против репрезентациите на Турција и Грција за пласман на ЕП 2020 година.

Првиот квалификациски натпревар сениорите ќе го одиграат на 25 октомври (четврток) против репрезентацијата на Турција со салата „Боро Чурлевски” во Битола со почеток во 20:15 часот. Вториот натпревар против селекцијата на Грција ќе се одигра во градот Кожани, Грција со почеток во 18:30 часот на ден 28 октомври (недела).

На списокот на Раул Гонзалез се наоѓаат ракометарите на Еурофарм Работник: Гоце Ојлески, Никола Маркоски, Горан Крстевски, Филип Кузмановски, Филип Чурлевски и Милорад Кукоски и Костадин Петров од Пелистер.

Извор Тера ТВ