Предавања на
31.03.2018 (сабота) во хотелот Holiday Inn – Скопје од 10.00-16.00 часот

Предавач: Реномираниот Д-р Таше Трпчевски, специјалист гинеколог акушер, субспецијалист за стерилитет и инфертилитет, од битолската болница „Плодност“- Битола

Тема: „Емоционален аспект кај жената при ин витро оплодување“

Во текот на ИВФ постапката жената е соочена со предизвикот за успехот или неуспехот од ин витро оплодувањето кои ја опетеруваат нејзината емоционална состојба. Таа доживува стрес во четири фази: за време на подготовката, за време на вадењето на јајните клетки, за време на ембриотрансферот и две недели по ембриотрансферот кога треба да ги осознае резултатите од вонтелесното оплодување. Секоја фаза на свој начин влијае на нејзините емоции, душевна состојба и расположение кое го манифестира на најразлини начини, особено во последната фаза кога се знае исходот од ивф постапката.Тогаш таа манифестира состојба на еуфорија кога е резултатот позитивен и состојба на депресија и плачење кога е негативен. Секој кој што ја работи оваа постапка ги доживува овие убави или тешки моменти, особено кога е очи во очи со пациентката. Низ кои емоционални потешкотии поминува жената во процесот на ин витро оплодување, ќе дознаете повеќе на овој тематски ден.

Повеќе на следниот линк
www.marili.com.mk