Одлична варијација на познатиот таратур со краставици, освен што додаваме тиквички наместо краставици. Превкусно! Исто така можете да додадете сирење ако сакате, или додадете половина краставица, половина тиквички – секако е вкусно.
Состојки:
500 мл павлака (со повеќе масленост)
1 тиквичка
4-5 чешниња лук
50 гр ореви
масло (маслиново)
сол по вкус
Подготовка:
Излупете ја тиквичката и исечете ја на мали коцки, ставете ги на кратко да се поварат во солена вода и исцедете ги.
Ставете ги тиквичките во подлабок сад, додадете го исечканиот лук, малку масло и сол по вкус. Промешајте.
Додадете ја павлаката и измешајте.
Посипете толчени ореви одозгора.

На здравје!