Црквата Св. Спас е сместена во источниот дел на село Брусник во близина на Битола.

Според достапните информации црквата била изградена и осветена во почетокот на XX век. Како и многу други објекти од овој дел на Македонија, црквата Св. Спас била тешко оштетена за време на Првата светска војна, кога бил уништен и дрвениот иконостас. Новиот иконостас бил направен во средината на XX век.
До црквата Св. Спас се стигнува по земјен пат од источната страна на село Брусник.

Текст Битола Инфо