Црквата Св. Пантелејмон е црква во Битола, која се наоѓа во близина на Студентскиот дом. Денес на 9 август е главната слава на црквата, кога се собираат луѓе да запалат свеќи за здравје, и да се напијат од светата вода која извира во бунарчето кое се наоѓа во црквата. Има и панаѓур каде се продаваат играчки за најмалите.

Доколку планирате да започнете некаков бизнис, денес е вистинскиот ден за тоа. Се верува дека секое работење на Свети Пантелејмон е благословено и ќе Ве направи успешни.

Исто така, доколку сте планирале патување, тргнете денес. Свети Пантелејмон бил голем патник, а денес е заштитник на сите оние на кои улицата им е втор дом. Нека ни е за многу години!

Фото Мој роден крај

Leave a Reply