“Се сеќавам на ритуално капење, бидејќи еднаш и јас отидов таму заедно со невестата пред нејзината свадба…
Нашата куќа имаше два ката, од кој еден,горниот кат,го изнајмувавме.
Кога дојде времето една од ќерката на кираџиите дa се омажи,отидов на бања заедно со неа.
Таму имаше посебен простор каде невестите одеа да се бањаат,ден или два пред свадбата.
Внатре имаше базен,можеби два метри долг и два метри и некој чекор широк.Невестите одеја таму пред нивната свадба заедно со нивното потесно семејство.Невестата, Рашела, можеби Коен последно презиме не се сеќавам точно, отиде и  влезе во базенот да се капе. Ние сите ја гледавме. Само невестите смееја таму да влегуваат . Бањата била користена и од мажените жени и невести за нивното слично ритуално чистење. Некои не влегувале и биле исплашени… Мислеле дека имало жаби внатре…
🙂
Послем тоа заедно сите јадевме “рускитас” (солена ролна, популарна меѓу Сефардските Евреи на Балканот пред војната)”…

*Сеќавањата на Роза Камхи

Бабам Битола заедно со вас потсетува.Ве потсетуваме на вашите дамнешни сеќавања,ги потсетуваме и надлежните за доброто на Битола…
За 30.000 туристи кои доаѓаат годишно ова знаменито место може и приход да остварува и да придонесува за нашата Битола…
Повторно да биде убаво исто како во вашите спомени…
Вие слободно раскажувајте,ние ќе пишуваме а другите,помладите нека читаат и споделуваат…
За Битола,бабам Битола…

image