Романтично запросување се случи на Пелистер денес пред новинарот на Тера ТВ, кога Ратко ја побара својата девојка Викторија за сопруга. На песната „Само да си вечно моја ти“ на Дуке Бојаџиев и Крсте Роџевски од познатиот филм „Танго до Балчак“, Ратко на Бегова чешма клекна пред својата девојка и ја побара за жена. Нивните пријатели веднаш после тоа пуштија црвени балони како знак на љубовта на Ратко и Викторија. Честитки од сите нас!

Извор Тера телевизија.