РЕПРЕЗЕНТАТИВЕЦОТ НИКОЛА МАРКОСКИ ПОТПИША ЗА ЕУРОФАРМ РАБОТНИК

ЧЕТВРТОК, ЈУНИ 21, 2018

Македонскиот репрезентативец Никола Марковски од денес е нов член на РК Еурофарм Работник. Кружниот напаѓач се договори со управата на битолскиот клуб и ќе ја засили екипата која ќе ја преставува нашата земја во Европа.

Марковски е искусен ракометар, кој во нашата земја го носеше дресот на Вардар, Металург, Зомимак и Работнички, а во Романија минатата сезона настапуваше за Орошази.

28-годишниот Никола Маркоски е стандарден репрезентативец на Македонија. Неговиот договор е со важност до јуни следната година.

Извор РК Еурофарм Работник фан страна