По пауза од цели 15 години, македонската ракометна репрезентација конечно се враќа во најракометниот град, Битола. Избраниците на Раул Гонзалез домашниот дуел од квалификациите за ЕП 2020 година против соодветната селекцијата на Турција ќе го играат во спортската сала „Боро Чурлевски“ во Битола.

Од осамостојувањето цели десет години репрезентацијата на Македонија најчесто своите домашни натпревари ги играше во спортската сала во Битола. Веднаш по мечот со Турција, следи гостувањето во Грција на 28 октомври. Европското првенство во 2020 година заеднички ќе го организираат Австрија, Норвешка и Шведска.

Дуелот против Турција е овај четврток на 25 октомври со почеток од 20:15 часот. Се бара карта повеќе. Побрзајте. Ја имате во претпродажба кај Шамбата во кафе бар Портал 2 на Широк Сокак.

Напред Македонија!

Leave a Reply