hdr

Под влијание на висок воздушен притисок и на релативно стабилна, сува и топла воздушна маса која продира од северните предели на Африка и во текот на следните денови времето во државава ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Во попладневните часови на планинските места особено на запад и на северозапад не се исклучува можноста за сосема локална појава на краткотраен пороен дожд и грмежи.

Максималните дневни температури на воздухот во Битола и битолско ќе се искачуваат во интервалот од 28 до 35, 36 степени до крајот на неделава додека во текот на следната недела истите ќе бидат во мал пораст и ќе се искачуваат во интервалот од 30 до 37 степени.

Сепак овие температури на воздухот се нормално високи и немаат никаква екстремна вредност. За подетални информации контактирајте ме на мојот официјален фејсбук профил каде можете да ја погледнете и секоја ново – обновена временска состојба – СЛАВЧО ПОПОСКИ!