ВРЕМЕТО ЌЕ ЗАТОПЛУВА, А УВ ИНДЕКСОТ ЌЕ ДОСТИГНЕ ЕКСТРЕМНА ВРЕДНОСТ! ВНИМАНИЕ ДЕНОВИВЕ!

Од денес, па во текот на следните неколку денови како што и претходно најавивме територијата на нашата држава ќе потпадне под влијание на јужно воздушно струење и на топла воздушна маса која во текот на следните неколку дена ќе услови пораст на температурите на воздухот и истите ќе се искачуваат во интервалот од 28 до 36 степени.

Времето ќе биде сончево со умерена локална облачност а има услови и за локален краткотраен дожд проследен со ретки грмежи особено денес (вторник) и тоа особено на север и на запад.

Денес (вторник) ќе дува слаб до умерен ветер кој сеуште ќе биде од северозападен и од западен правец а потоа во следните денови истиот ќе биде од променлив правец.

Бидете вие екслузивен СПОНЗОР на оваа рубрика

И во битолскиот регион следните неколку денови ќе имаме постабилно и посончево време со пораст на температурите на воздухот кој ќе се искачуваат некаде од 25 до 30 степени.

Што се однесува до УВ ИНДЕКСОТ повторно ќе се искачи на ЕКСТРЕМНО ВИСОКА вредност и ќе има коефициент од 10 до 11 па затоа ви препорачуваме да бидете КРАЈНО ВНИМАТЕЛНИ.

За подетални информации контактирајте ме на мојот официјален фејсбук профил каде можете да ја погледнете и секоја ново – обновена временска состојба – СЛАВЧО ПОПОСКИ.