Ова е дел од последното интервју на Петар Милошевски во кое тој за MacedonianFootball.com говори за кариерата и македонскиот фудбал.

Како се чувствувате во новата улога на спортски директор откако теренот го заменивте со канцеларија?

Јас пораснав со националниот тим. Уште кога бев тинејџер во Пелистер, јас бев дел од младинските репрезентации на Југославија, а потоа и на Македонија. Имам чувство дека целиот мој живот сум со репрезентацијата. Ова е нова улога за мене и малку ми е тешко, но работите кои ги научив додека играв ми се од корист и моето долго учество во репрезентацијата ми помогна во новата улога.

Фудбалот отсекогаш бил најпопуларен спорт во Македонија, но во последно време ја губи популарноста од ракометот и кошарката. Стадионите се празни, а националниот тим не може да привлече публика. Има ли ФФМ некаков план за подобрување на моменталната состојба?

Репрезентацијата не ги прави играчите. Тие растат и се развиваат во клубовите. Проблемот е што немаме силни клубови, посебно клубови кои трпеливо ќе работат во развојот на млади фудбалери. Наспроти тоа, имаме тимови кои тренираат 13, 14, 15-годишни деца и потоа ги пуштаат да си заминат.

Ни требаат клубови кои ќе развиваат млади фудбалери, потоа ќе ги промовираат во првиот тим и ќе си ја вратат инвестицијата со продавање на комплетни играчи. Тоа е причината заради која немаме силна репрезентација.

Но тоа не се случи преку ноќ. Ова е резултат на лошите услови низ долги години наназад и мислам дека ќе ни требаат уште многу години за нешто да се подобри.

Во моментов сите селектори во федерацијата немаат голем избор за фудбалери. Приморани сме да се фокусираме на откривање млади фудбалери кои растат и се развиваат во странски клубови и да ги доведеме во Македонија.

Ме радува фактот што Шкендија и Вардар имаат сериозни инвеститори и планираат да ги развиваат клубовите на долги патеки. Се надевам дека и другите клубови ќе привлечат спонзори, посебно мојот Пелистер. Тој клуб има богата традиција и е најинтересен македонски клуб за инвестирање.

Да се надеваме дека младинските академии ќе профункционираат заедно со првите тимови. На тој начин првенството ќе ни се подобри и ќе имаме повеќе репрезентативци од нашата лига.

Вие бевте дел од репрезентацијата со 2-3 различни генерации. Можете ли да ги споредите онаа генерација од 1998-2000 со поновите? Има ли некое подобрување?
Во тоа време многу репрезентативци играа во македонската лига. Тие се промовираа од лигата и редеа настапи за репрезентацијата. Дури подоцна правеа трансфери надвор од Македонија. Тие имаа многу високи критериуми во сфаќањата за значењето на националниот тим. Како одминуваше времето, значењето на носењето на дресот на Македонија опадна. Нашата цел е да ги вратиме старите денови кога беше нешто посебно да се носи дресот на државата. Во смисла на квалитет на фудбалот, работите малку се имаат сменето од тогаш. Листата на играчи од кои можат да се избираат репрезентативците е помал, но сепак Македонија и сега има доволен број квалитетни играчи за да се состави солиден тим.

Leave a Reply