Битолските навивачи во голем број се во Загреб, каде ја поддржуваат македонската репрезентација на патот кон успех на Европскиот шампионат. Првата победа против Словенија е завршен приказна и следен, вечерашен предизвик е Црна Гора.

Еден од најмладите во нашиот состав покрај Талески и Велковски, е левиот бек Филип Кузмановски. Тој не доби шанса од Раул да игра против Словенија, но на дуелот сигурно ќе има можност да го покаже сиот свој потенцијал и квалитет.

Навивачи од цела Македонија има во Загреб, но најмногу од нив се од Битола, па Кузмановски ќе има голема поддршка од своите сограѓани.

Извор 24Ракомет