Болницата „Плодност“ беше дел од големиот караван „Напред розово“ и се вклучи во акцијата за борба против ракот на дојка.

Тимот од радиологот д-р Александар Ристески и радиолошкиот технолог Фанче Јованоска беа дел од овој караван, промовирајќи ги заложбите за рано откривање на ракот на дојка, како превентивна мерка која би го намалила степенот на заболени од оваа болест на денешницата.

Болницата „Плодност“ е значајна алка во синџирот на борбата против ракот на дојка.