Екипата на Вардар продолжи со променливите игри во Првата лига. Најтрофејниот клуб од нашата земја загуби од Пелистер (2-3) и им дозволија на битолчани да се надеваат за опстанок, пред се поради киксот на Скопје.

Вардарци креираа шанси, но недостасуваше завршницата. Пелистер прикажа голема борба, а до победата дојдоа во самиот финиш кога во 93. минута погоди Наумоски. Вардар веќе ја заврши сезоната и е на второто место, додека Пелистер допрва го чека разврската за опстанок, а за тимот ова е прва победа по 15 натпревари против Вардар.

Натпреварот навидум делуваше дека ќе биде лесен за Вардар, затоа што „црвено-црните“ поведоа уште во 7. минута, кога реализира Тигран Барсегјан, по асистенција на Максим Максимов. Но, радоста траеше кратко, затоа што на спротивната страна Хамбарџумјан играше со рака, а Ецкоски досуди пенал кој го реализира Трифуновски (1-1).

Тоа беше и конечниот резултат по првото полувреме, иако имаше неколку шанси на обете страни. Се играше потоа мирно до 60. минута, кога нововлезениот Дејан Блажевски погоди од пенал за 2-1, но по само осум минути, Коњарски погоди од сомнителна позиција која навидум делуваше на офсајд и изедначи на 2-2.

Во 73. минута следеше нов шок за домашните, затоа што младиот Тодороски во шеснаесетникот го фаулира Наумоски, а Ецкоски го досуди третиот пенал, кој го одбрани Алексовски. Вардар во продолжението од мечот притисна, но не дојде до гол, а тоа го казни Наумоски, кој погоди дури во 91. минута за конечни 2-3.

Пелистер со оваа победа поради киксот на Скопје се одлепи од дното и има 34 бода. Во наредните две кола тимот го чека борба и со Победа, која исто така освои три бода и е на осмото место кое води во бараж со 35 бода. Во наредното коло Пелистер игра со Шкупи, додека Скопје е во директен дуел со Победа.

Повеќе и видео на Гол.мк