Сакате забава со деца во атмосфера како од новогодишна бајка?

Кога? На 21 декември од 18 часот, петок.

Каде? Околу најубавата елка во дворот на Хотел Шумски Фенери.

За прв пат донаторски базар во прекрасна атмосфера околу големата убава Новогодишна елка на Хотел Шумски Фенери!

Ајде заедно да уживаме во вкусни колбаси и варено вино со супер музика, топло чајче и колачиња за вашите дечиња.

Ќе ве послужат младите скијорчиња и бордерчиња од Ски Клуб ПЕЛИСТЕР како благодарност. Собраните средства од базарот ќе бидат наменети во клубот за развој на скијањето и бордањето.

https://www.facebook.com/events/551932415232157/?ti=as