Откако заврши четврт во 2000-та година, Пелистер стигна дури до третото квалификациско коло во Интертото Купот каде им се падна Селта Виго, годинешниот полуфиналист во Лига Европа.

Само неколку недели по завршувањето на првенството 1999-та година, фудбалерите на Пелистер на 17. јуни го пречекаа анонимниот Хобшед од Луксембург во првото коло од Интертото Купот и со головите на Виктор Треневски, Грозданов и Илир Елмазовски славеа 3-1.

Реваншот беше рутина со голот на Игор Момировски во 85’ минута.

Во второто коло, Пелистер со 3:1 (Стерјов, Момировски пен., Елмазовски) го доби попознатиот шведски претставник Вастра Фролунда и по ремито во реваншот 0-0 оствари историски успех во 3. коло. А таму ги чекаше големата Селта Виго.

На 15. јули 2000-та „зелено-белите“ истрчаа на легендарниот „Балаидос“ во Виго, истиот оној стадион каде пред една недела Манчестер Јунајтед победи во полуфиналето на Лига Европа. Во третото коло на Интертото таа година се најдоа реномирани екипи како Удинезе, Астон Вила, Штутгарт, Алборг, Оксер, Седан, Ленс, Волфсбург, Зенит, Стандард Лиеж, Австрија Виена.

Во Галиција Пелистер загуби 3:0 а тогаш за Селта Виго играа ѕвезди како Бени Мекарти, Валериј Карпин, Мостовој, Густаво Лопез, голманот Каваљеро, шпицот Катања, Бразилецот Еду и актуелниот селектор на Селта Виго Едуардо Берицо

На реваншот во Битола, под „Тумбе Кафе“ имаше 5.000 гледачи или „дупка полно“ што би рекле Чкембари.

Пелистер истрча во состав: Тошиќ, Грозданов, Капинковски, Димов (од 52. минута Бајрамоски), Јанчиќ, Талевски (од 46. Деловски), Момировски, Сивески, Мицевски, Рутевски, Стисниовски. Тренер на тимот беше Бранислав Божиќ.

Селта дојде без неколку првотимци во Битола а славеше и тука, 1:2 со головите на Пабло и Мена. Во 75’ минута Игор Момировски 10-та на „детелините“ постигна прекрасен гол за 1-2 и достојно простување на Пелистер од Европа.

Извор Офф.нет

Leave a Reply