Највисокиот водовод во Македонија…

На 2.601 метар надморска височина, на Пелистер, изграден е највисокиот водовод во Македонија. Има скромни 640 метри должина, почетокот на водоводот е на 2.380 метри надморска височина на Муратовиот извор, а крајот на 2.601 метар надморска височина.Водоводот е граден за потребите на Предавателниот центар Пелистер и станува збор за нешто…

прочитајте повеќе …

Во градчето Маркам,Канада постојат улици кои се викаат Битола…

Во градчето Маркам,Канада постојат улици кои се викаат Битола, Пелистер и Даме Груев…

Зградата каде некогаш се одржуваа пионерските престави…

ОLD BITOLA Зградата каде некогаш се одржуваа пионерските престави,урната 1975 г. за изградба на Новиот Театар… На нејзино место се наоѓа споменикот на Милтон Манаки… извор и фото од книгата Перформансите на Широк Сокак Д.Д.Такец

Првата пиварница во Македонија е отворена 1890 г во Битола…

Тhe first brewery in Bitola Првата пиварница во Македонија е отворена во 1890 г. во месноста Буковски лозја во близина на Битола која работела пет години и поради недостиг на капитал,квалификувана работна сила и конкуренција од Солунската пиварница истата престанува со работа… Извадок од Историски развој на индустријата во Битола…

прочитајте повеќе …

Шадрванот кај Јени Џамија…

Шадрванот кај Јени Џамија со поглед кон Отоманската банка и црквата св.Димитрија во Битола..Шадрванот е од поново време на Битола послем 1950тите години,,, Fountain at Yeni mosque overlooking the Ottoman Bank and church St.Dimitrija Фото Непознат извор

Интифа

Old library Intifa in Bitola Последната турска организирана библиотека ,која стана и најопремена е онаа во градот која била позната со името “Интифа”.Се наоѓала во просториите на објектот каде што било сместено и вакуфското меаривско поверенство,односно во кругот на некогашниот коплекс на вакафот Исхак Челеби(денес на просторот помеѓу фонтаната и…

прочитајте повеќе …

Битолскиот фодулџија и боем

За битолскиот фодулџија и боем снегот и студот никогаш не биле пречка за тој да си ужива во благодетите што ги дава животот,виното и музиката,а и нормално тоа да го престави и пофали пред народот… Заедно на еден голем пајтон санка,битолскиот боем ужива заедно со чалгиите и нивната музика низ…

прочитајте повеќе …

АРТ

Art…making…modeling Деветоодделенката Евгенија Дивитарова ученичка во битолското училиште св.Климент Охридски оваа недела не изненади сите со моделирањето на култниот брод ТИТАНИК… Да ја поздравиме и охрабриме да продолжи со својата уметност понатаму! Прекрасно!

Првиот фудбал во Битола…

First football match in Bitola (1900 yr) Првиот фудбал во Битола е одигран во дворот на гимназијата Гоце Делчев (сегашна гимназија Ј.Б.Тито). Спрема податоците од Унчу Пили во Битолската гимназија играта со топка во 1900 г. ги восхити битолчани. Подоцна за терен е земена ливадата кај Средно медицинско школо. Во…

прочитајте повеќе …

СТАРА БИТОЛА

НАРОДЕН ТЕАТАР БИТОЛА Old theatre in Bitola Сликата е од Габриела Велевска на која јавно и благодариме,зградата на Народниот Театар која постоела се до 1980 г.и била место каде била изведена првата престава на македонски јазик во едно драмско дело… Сигурно како битолчани паметите нешто повеќе и нешто поубаво за…

прочитајте повеќе …

Големото богатство на Давкови

Браќата Пане и Атанас Давкови кон крајот на 19ти век носеле вино во мешини од Велес во Битола и само за неколку години стекнале голем капитал и станале видни граѓани во “Градот на конзулите”. Животот бил скромен но не се штедело пари за образование на синовите и свадбите на ќерките. Кога капиталот доволно се зголемил Пане решил да се оддели од семејството и со жената и децата купил сопствена куќа во 1924 г. од некој крушевчанец на аголот од Бранкова и Франше Деспере, денешните Јорго Османо и Славко Лумбарко. Куќата стои и ден денес имала 400м2 и големо дворно место, додека братот останува во куќата над чаршијата.нВо 1930 г.купуваат уште голем дуќан во старата чаршија сопственост на Евреинот Мордехај Јозеф со 330м2 бил најголем дуќан тогаш во чаршијата (сегашни дуќани…

прочитајте повеќе …

ОФИЦЕРСКИ 1911

Во свечената сала на горниот спрат се приредуваа т.н. сини забави,при што дамите обврзно биле облечени во прикладно сини тоалети и обувки со иста боја,а мажите во тегет-чивит костуми за офицерите и дипломатски сакоа со пругасти пантолони,обврзно шиени од битолскиот “Прчко” кај градскиот саат.Тука се приредуваа и костимирани-маскирани забави. Битолчанката Калипсо Налча,првата жена школуван диригент во Македонија тука имала настапувано со учениците од Гимназија кои свиреа на усни хармоники… Сеќавањата на Такецот опишани во неговата книга “Перформансите на Широк Сокак”

АРТ

Bitola ART/Photography/Photographer Фотографијата е уметност која ги овековечува моментите додека битолчанецот Димитар Чунговски-Чунга(Choonga) фотографер и член на Фото Кино Клубот Битола тоа го прави поврзувајќи го стварното со имагинарното,добивајќи една магична слика како краен резултат која не восхитува… Уживајте во сликите…. Респект и благодариме…CHooNGA

Некогашниот битолчанец бил секогаш стросан, фодул! Не кабадаиа, кабадаите се површни и празни. Овој е тежок човек,човек што мисли и се држи исправено гордо! Секогаш стросан и дотеран во костум, но не костум конфекциски, тоа не доаѓа во предвид, туку сошиен по мерка кај шивач и чевли лаковани… Кога тие отпаднаа од мода можи било какви чевли со друг дезен само морале да бидат светнати како да се лаковани.

А и самиот тој да е чевлар, кондураџија, не е чевлар, со завршување на работата си ги мие рацете, ја фрла футата, си го става костумот, вратоврската и одма станува господин со висока свест и достоинство. Со жената “алабрацета” одат по визити дотерани и високи по стас. Косата залижана, навечер ја стегаат со мрежа. Имаат прекар Бамбаш. Или ако се куси Тирка, не Сотка, Сотка е прилепчанец и пие газоза. Тирка е битолчанец и е кондураџија и пие бира, може да е ќељав и две влакна да има пак на патец ќе ги чешла. Во тоа било достоинството косата на патец да се чешла…