ЕВРЕЈСКА ЧЕШМА

Jewish fountain in Bitola Во дворот пред зградата кај Пионерчето постои чешма на која релјефно во мермерот е прикажано “Дрвото на животот” со мал еврејски натпис од 1866 година.На денешен ден 11 март 1943 год.Евреите беа насилно одведени од нивните домови во Битола,однесени во монополот и депортирани во Треблинка.Денеска денот…

прочитајте повеќе …

ДАЛИ ЗНАЕТЕ ДЕКА

Great music Divas with Bitola’s roots Во Америка,поточно во Њујорк и Њу Џерси има две големи музички диви со потекло од Битола-Бенита Мешулам и Сара Ароесте.Бенита е класичен пијанист од областа на музиката на шпански класични композитори додека Сара Ароести е ладино музичар а нејзината музика често е нарекувана како…

прочитајте повеќе …

СТАРИ СЕЌАВАЊА

Old memories from Bitola … И сега,дури по пет децении сеуште го паметам Широк Сокак со Папакоч на ќошот каде задолжително ја правевме нашата заедничка фамилијарна фотографија… Јас,мајка ми,татко ми и брат ми… Или јас и брат ми.Иако некаде зафрлена,сеуште пред очи ми е позата од нашата заедничка фотографија направена…

прочитајте повеќе …

Битолчанец

  Битолчанец Да си рисјанин и да се восхитуваш на убавината на Исак,Јени,Кади Џамија.. Да си турчин или албанец и да ја сакаш Саат кулата градена од христијани… Да си Евреин и со ќеф да кажеш дека твоето потекло е од Монастирли… Да си и едното,другото и третото почитувајќи меѓу…

прочитајте повеќе …

4X4 JEEP MOUNTAIN TOUR

4x4 jeep mountain tour on Pelister 4x4 џип планинска тура на Пелистер info/инфо +389 71 258 211 +389 75 992 797

Некогашниот битолчанец бил секогаш стросан, фодул! Не кабадаиа, кабадаите се површни и празни. Овој е тежок човек,човек што мисли и се држи исправено гордо! Секогаш стросан и дотеран во костум, но не костум конфекциски, тоа не доаѓа во предвид, туку сошиен по мерка кај шивач и чевли лаковани… Кога тие отпаднаа од мода можи било какви чевли со друг дезен само морале да бидат светнати како да се лаковани.

А и самиот тој да е чевлар, кондураџија, не е чевлар, со завршување на работата си ги мие рацете, ја фрла футата, си го става костумот, вратоврската и одма станува господин со висока свест и достоинство. Со жената “алабрацета” одат по визити дотерани и високи по стас. Косата залижана, навечер ја стегаат со мрежа. Имаат прекар Бамбаш. Или ако се куси Тирка, не Сотка, Сотка е прилепчанец и пие газоза. Тирка е битолчанец и е кондураџија и пие бира, може да е ќељав и две влакна да има пак на патец ќе ги чешла. Во тоа било достоинството косата на патец да се чешла…