Битолското “Корзо”

Старите градски фамилии сè уште сакаат „Широк сокак“ да го нарекуваат „Корзо“, можеби како поприфатлив термин за слободна и неврзана прошетка по главната улица. „Корзото“ во Битола, кое било исто на „Широк сокак“ има своја развојна фаза. Како се движеле определени старосни структури и која била нивната положба зависело во…

прочитајте повеќе …

ДАЛИ ЗНАЕТЕ ДЕКА

Mandi Robev Bitola last coachman Последниот битолски пајтонџија е Манди Робев,последниот од стотина пајтонџии,колку некогаш ги имало во Битола.Пајтонџилакот го превзедол од неговиот постар брат Танас Робев во 1927 г.кога низ битолските улици и пошироко се движеа точно 46 пајтони,меѓу кои најпознати биле Пецо Арапо,браќата Таќи,Гого и Томе,Кицо Арнаутино,Јонче Улето,Томе…

прочитајте повеќе …

АРТ

Bitola Art/drawing/painting Кога сме веќе кај Пајтоните или како ги викале некогаш битолчани, Ландоните,шетајќи низ град сигурно ги имате забележано овие цртежи од поново време,кои се наоѓаат на куќи во Битола.Тие се дел од уметноста на битолчанецот Горан од студио Аерограф,како и сликањето на филмски ликови и анимирани идоли,изработка на…

прочитајте повеќе …

Грчки конзулат Битола

Се наоѓа на познатата улица на Конзулатите Кирил и Методиј бр. 6-б. Објектот е изграден во 1903 год. како сопственост на црквата Св. Димитрија, а веднаш потоа бил даден под наем на грчкиот конзулат кој го користел се до 1912 год.Објектот е граден под влијание на архитектонските стилови во Западна…

прочитајте повеќе …

ЗА БИТОЛА,БАБАМ БИТОЛА

Има многу градови каде што ќе заминам но има само еден каде што ќе се вратам… На Широк Сокак ќе прошетам и на Дембел чаршија кафе ќе се напијам… Заедно со другарите за младоста ќе си спомињам… Пајтон со чалгии ќе нарачам….заедно песни ќе свириме и пееме…до Тумбе кафе…до Сива…

прочитајте повеќе …

БИТОЛЧАНИ МЕРАКЛИИ НА БИТОЛСКИТЕ МЕАНИ И АНОВИ

…Таму се живот живее, таму се јаде и пие, по битолските меани… …Мене ме пиан пак носат по битолските чикмаци… …Креписе буцо креписе дур да си пајтон најдиме, дур да си пајтон најдиме, Битола да ја шетаме.” ,,Грозданка низ двор метеше и на Бога му се молеше. Како да станам…

прочитајте повеќе …

КУЌАТА НА ЗАБАРОТ МЕНДОЗА

House of jewish dentist Mendoza in Monastir Градот Битола е музеј под отворено кога станува збор за материјалните богатства што нашите поранешни сограѓани Евреите ги оставиле. Битолчани, не знаејќи или не обрнувајќи внимание, секојдневно минуваат покрај убавите и великолепни Еврејски куќи,покрај старите Еврејски дуќани, остатоци од градби,кои се така останати…

прочитајте повеќе …

Слика од седумдесеттите години….

Слика од седумдесеттите години кога низ Широк Сокак се возеа моторни возила…Џип Village сопственост на Здравко Божиновски(совозач),Љупчо Јанкуловски(зад воланот),позади на задното седиште Ристо уметникот и Љупчо Американецот,па Стевче Јанкуловски и Димитри Гина на хауба… Слика од убави времиња и уште поубави дружења…Благодариме Гина

СТАРА БИТОЛА

  Old Bitola Хотелот Шарк (Босна) од крајот на 19ти и почетокот на 20ти век.Во некои пишувања е споменат како градба на Керим Паша,нешто кое за сега немаме точни податоци или извори за да можиме да го потврдиме.На сликите ќе го препознаете по петте балкуни од десната страна.Познат бил по…

прочитајте повеќе …

МАНСАРДА

Мансарда во архитектурата се однесува на стил на закривен покрив кој се карактеризира со два нагиба на секоја од четирите страни на покривот. Долниот нагиб е речиси вертикален, многу пострмен од горниот, додека горниот нагиб е невидлив од улицата и е закосен минимално, колку да може да ја одлева водата.…

прочитајте повеќе …

НЕКОГАШНИОТ БИТОЛЧАНЕЦ

Некогашниот битолчанец бил секогаш стросан,фодул! Не кабадаиа,кабадаите се површни и празни.Овој е тежок човек,човек што мисли и се држи исправено гордо!Секогаш стросан и дотеран во костум,но не костум конфекциски,тоа не доаѓа во предвид,туку сошиен по мерка кај шивач и чевли лаковани…кога тие отпаднаа од мода можи било какви чевли со друг дезен само морале да бидат светнати како да се лаковани. А и самиот тој да е чевлар,кондураџија,не е чевлар,со завршување на работата си ги мие рацете,ја фрла футата,си го става костумот,вратоврската и одма станува господин со висока свест и достоинство. Со жената “алабрацета”одат по визити дотерани и високи по стас.Косата залижана,навечер ја стегаат со мрежа.Имаат прекар Бамбаш.Или ако се куси Тирка,не Сотка,Сотка е прилепчанец и пие газоза.Тирка е битолчанец и е кондураџија и пие бира,може да е ќељав и…

прочитајте повеќе …

Влашкото училиште

Во срцето на некогашното Влашкото маало,во центарот на Битола се наоѓа некогашното Влашко училиште познато меѓу нас битолчани како ”турското” Гоце Делчев (училиштето на малцинствата). Училиштето на ул.Београдска поминало подолга историја по однос на сопственоста.Во 1932та за прв пат тоа е евидентирано,потоа зградата и околниот недвижен имот имаат сопственици физички лица, а во еден период според државниот завод за геодетски работи во 1939г.било сопственост на Охридско битолската епархија и потоа на државата Република Македонија во состав на тогашната ФНРЈ.Во1972г. училиштето станува сопственост на основното училиште Никола Тесла, укинато во 1977г.од кога станува сопственост на ОУ Гоце Делчев, односно на Република Македонија. Со законот за локална самоуправа и децентрализацијата во 2005 та се случува уште една промена, училиштето станува сопственост на општина Битола. Влашкото училиште од некогашното “влашко маало”е убава градба…

прочитајте повеќе …

БИТОЛА ВО ПЕСНИТЕ

Битола отсекогаш бил убав и богат град.Од убавината се изненадувале оние кои што првпат доаѓале во него,како младиот овчар Стојан,кој првпат слегол во Битола да си го види своето сакано девојче… “Ко виде Стојан Битола Битола града чуена Морници ми го фатија… Момето тој заборави” Битола во минатото била карактеристична: “Со тие тесни сокаци,со тие бели калдрми” Кои биле привилегија само на најмодерните градови Битола низ вековите посебно била прочуена со природните убавини… “Битола-мајска природа Битола-мајска градина” Карактеристики на овај град биле природните реткости како оние… “битолски сељвии” Еден вид високи дрва од редот на кипарисите.Еве еден детаљ од просторната убавина на Битола во минатото: “До портата бела чешма До чешмата дафин дрво” На стара Битола белег и давале ваквите улични чешми и ретките дрва пред портите,додека обележје на околината…

прочитајте повеќе …

Единствени во Битола...

Тобако-шоп "Луна", најубавите разгледници, сувенири и магнети со мотиви од Битола и Македонија лоцирани (бр.1) кај Саат Кулата и (бр.2) во близина на Камен мост...