ДАЛИ ЗНАЕТЕ ДЕКА ?!

Занимливости и факти

прочитајте повеќе ...

ИСЉАХАНЕТО ВО БИТОЛА

          Во подножјето на нашето Тумбе Кафе,покрај патот кој води од Битола кон Буковска населба и Република Грција се наоѓа посебното старо Турско училиште наречено Исљахането во Битола.Во просториите на некогашната фабрика за чоколади и кекс “Прогрес” се наоѓало ова училиште кое подготвувало ученици кои биле…

прочитајте повеќе …

КАКО ДА ПРЕПОЗНАЕШ АСЛИ БИТОЛЧАНЕЦ ?!

www.babambitola.mk

прочитајте повеќе ...

Бабам Битола

Бабам Битола/Babam Bitola,Битола Стари Фотографии,GRADOT NA KONZULITE и ТВ ТЕРА

прочитајте повеќе ...

Благодариме !

Вечни се делата кои сите ние од срце ги правиме… И остануваат за нас и сите други во Битола… Ви благодариме господине Владо Николовски,каде и да сте !

Имињата на битолските улици…

…со објаснение каде тие се наоѓале од Млад Водник Христо Костовски- Противпожарна Народна Милиција

Италијански Конзулат Битола

На само неколку чекори од некогашниот Камен Мост во Битола,на ул.Солунска постои некогашен конзулат кој со само една железна плочка на неговата фасада ни објаснува за што станува збор… Некогашниот Италијански конзулат во Битола… Објектот е граден при крајот на 19 век и почетокот на 20 век. Според архитектонските карактеристики…

прочитајте повеќе …

Бабам Битола

  За убав почеток на неделата,понеделнички на нашата ВЕБ страна www.babambitola.mk и телевизија ТЕРА,фејсбук страните Бабам Битола/Babam Bitola,Битола Стари Фотографии и GRADOT NA KONZULITE,како серијал ќе одат професионално обработени и дигитализирани фотографии од делови на Стара Битола,куќи,хотели објекти кои некаде сеуште постојат а некаде повеќе ги нема. Сакаме заедно со…

прочитајте повеќе …

Меракот Битолски

Дојди ми во ноќва ѕвездена Ти мераку мој Битолски Тивко запеј серенада Пенџере ќе отворам скришем Скриена зад перде плетено, копринено со тивок воздив момински ќе те гледам Меракот ми е голем по тебе а твојот е пуст по мене Се гушам во солзи, течат тие а ти ми пееш…

прочитајте повеќе …

Парада на Широк Сокак

Битола Стари Фотографии

прочитајте повеќе ...

Петочна вода Битола

Преданија од Марко Цепенков

прочитајте повеќе ...

ШИРОК СОКАК

Хамидие Џамеси,Крал Петар,Цар Борис,Маршал Тито…

прочитајте повеќе ...

Црквата св.Недела во Битола

Се наоѓа на левата страна од северниот влез на Битола од страната на Прилеп. Изградена е во 1863 год. Претставува три бродна базилика. Има иконостас којшто е изработен од дрво. Иконите се од поново време, од XX век.Како и кај другите цркви битолските еснафи најмногу помагале и за нивното внатрешно…

прочитајте повеќе …

Битолчани се потсетија на некогашните пакувања од млеко и јогурт

Битола Стари Фотографии

прочитајте повеќе ...

ДАЛИ ЗНАЕТЕ ДЕКА?!

Хотелот Гранд Америка во Битола е местото…

прочитајте повеќе ...

Битола низ црно/бели фотографии од Чунга

Црно/бели фотографии од преубавата колекција на битолчанецот Димитар Чунговски Чунга

прочитајте повеќе ...

Старата битолска куќа (1)

Старата битолска куќа,етнологија и архитектура В.М.Алтипармакова
НУ Завод и Музеј Битола

прочитајте повеќе ...

Aптеката на Ахил “Кај Рибарниците”

  Некогашната грандиозна убавина на Конзулска Битола… Дали богатството си го носи и проклетството на објектите кои ден денес се останати сами на себе?… Или поранешниот систем со својата негрижа ги остави такви како што се денес? … И понатамошната негрижа за нашата битолска историја која полека се рони и заминува…

прочитајте повеќе …

Битолчани за миг се потсетија на Транскоп

На фејсбук страната Битола Стари Фотографии битолчани низ стари слики за миг се потсетија на некогашниот гигант транспортното претпријатие Транскоп од Битола,кој во екот на своето успешно работење  имал  свои преставништа дури во Белград,Минхен и Хановер. Транскоп повеќе години опстојуваше и успешно работеше на територијата на бившите Ју простори, Балканот,Европа,Русија…

прочитајте повеќе …

…во меѓувреме Гинимаале на сретсело

  

Селски Велигден Гинимале на сретсело

Во една од најстарите населби во градот која од самиот почеток била со македонско население,обичај било покрај градењето на своите куќи да се остави и поголем широк простор кој ќе им служи на жителите за собири. Населбата Гинимале (Јенимаале-тур.уeni mahaale-ново маало) била единствената населба во Битола со сретсело. Населението што се доселувало со себе ги носело и своите обичаи.Секоја фамилија си имала своја слава.Но си имале и една најголема,заедничка. Таканаречениот градски,односно селски Велигден. Гостите од селата го викале градски Велигден оти оделе во градот на гости, а граѓаните го викале селски оти доаѓале гости од селата. Обичајот започнувал во четвртокот по Велигден кога гостите од селата доаѓале во црквата „Света Недела“ во Битола и присуствувале на вечерна служба во дворот на црквата.Таму се одржувал и голем народен собор на кој…

прочитајте повеќе …

Битолската убавица

.. Излегов да се прошетам,леле, .. низ битолските сокаци, леле, .. низ тие тесни чикмаци, леле.. Там’ најдов моме убаво, леле, .. руса си коса чешлаше, леле, .. луто си мајка колнеше, леле: .. —Пукнала, мајко, треснала, леле, .. зошто ме роди убава,леле? .. He можам, мајко, да минам, леле,.. низ таа пуста чаршија, леле, .. од тие пусти беќари, леле, .. на мермер плоча седеја, леле, .. лута ракија пиеја, леле, .. ништо си мезе немаа, леле, .. мене ме мезе сакаа, леле.. На сликата позната турска глумица и поп пејачка родена во Битола 1932 г. -Мухтерем Нур,Ајсел Мухтерем Киса..

Реката Курделец во Битола

Реката Курделец или Курделес извира од Баба планина.Денеска на нејзиното старото корито се наоѓа улицата Солунска,според некој податоци тоа е направено во 70 тите години од минатиот век.Беше спој на две реки,едната доаѓаше од с.Лавци покрај Недопирливи,а другата од Ремо и се спојувале некаде кај сегашен сервис Чеде,по кажување на постари битолчани.Течела до ОУ Коле Канински и таму се влевала во Драгорот. Понекогаш знаела и “многу да збесни” и да ги однеси дрвените мовчина кои биле десетина на број.Името доаѓа од Kurt-dere што значи Волчји Поток. Уште во Турско за време на големите и студени зими во Битола,волците од Пелистерот во потрага за храна, слегувале по неа долу во градот.

ДАЛИ ЗНАЕТЕ ДЕКА?!

Во Битола во крајот на 19 ти и почетокот на 20 ти век имало 3000 клавири за што ја викале и “Градот на клавирите”.Поради некои поранешни сваќања клавирот симболизирал богатство, класна поделеност и во 50-тите години на 20-тиот век со процесот на национализација на многу од семејствата клавирите им биле одземени… Клавирот од поставката во Музеј Битола

Велигден низ песни и сеќавања

И ќе го чекаш Велигден. Убав, светол, свечен, сончев Велигден, ден Недела. Ќе го чекаш зошто два дена пред него на Велики Петок ќе ти купат чевли од Бата, лаковани, црвени што ќе ги носиш газејќи на прсти, ќе ти сошијат карирано на црвено, плисирано суќниче и нова блуза па ќе се дотераш вака за првпат на Велигден, а послем ќе си ја носиш облеката за нова, се до другиот, и ќе тргнеш кај бабите по јајца… На ручекот задолжителниот кукурец, полнет ширден,јагнешко и полно барде со кукуречанско црно или брусничко бело. По јадењето и пиењето песна староградска… На софрите ни седнал Велигден: Салатари, мезелаци, прикажува, Пие белачка, црвено, Под комина или лачено, Во тамиџана “крклинско”, Што ти бил апетлија На дропсарма, кукурец, такамче, Папсано јагнешко блеење. Велигден ѕунат камбаните,…

прочитајте повеќе …

Некогашниот битолчанец бил секогаш стросан, фодул! Не кабадаиа, кабадаите се површни и празни. Овој е тежок човек,човек што мисли и се држи исправено гордо! Секогаш стросан и дотеран во костум, но не костум конфекциски, тоа не доаѓа во предвид, туку сошиен по мерка кај шивач и чевли лаковани… Кога тие отпаднаа од мода можи било какви чевли со друг дезен само морале да бидат светнати како да се лаковани.

А и самиот тој да е чевлар, кондураџија, не е чевлар, со завршување на работата си ги мие рацете, ја фрла футата, си го става костумот, вратоврската и одма станува господин со висока свест и достоинство. Со жената “алабрацета” одат по визити дотерани и високи по стас. Косата залижана, навечер ја стегаат со мрежа. Имаат прекар Бамбаш. Или ако се куси Тирка, не Сотка, Сотка е прилепчанец и пие газоза. Тирка е битолчанец и е кондураџија и пие бира, може да е ќељав и две влакна да има пак на патец ќе ги чешла. Во тоа било достоинството косата на патец да се чешла…