Нашиот град од денес ќе биде збогатен за уште една голема и атрактивна игротека која се наоѓа на одлична локација за сите! Во срцето на Битола, под Камен Мост. Игротеката PlayZone е создадена за целото семејство, отворена за големи и мали гости, со капацитет од импресивни 200м2.

Совршен спој на модерен и топол ентериер во кој ке се чуствувате пријатно и удобно додека вашите најмили уживаат играјки и забавувајќи се под будното око на професионален тим.

Голема забавна џунгла исполнета со весели тонови во живи бои, лавиринт на две нивоа, трамболини, лулашки, лизгалки, базени со топчина, колички, Free climbing за најупорните, простор за креативно изразување, Face painting и диско забава која ќе биде дел од секоја прослава.

Во игротеката можете да ги донесете вашите најмили преку целиот ден, доколку во тој период
нема веке закажан роденден. Во текот на целиот престој на детето му се на располагање сите содржини на игротеката во
зависност од возраста.

Родендени

Игротеката Playzone е отворена за сите видови на прослави, благодарение на својот мултифункционален простор.
Игротеката располага со капацитет од 70 места за седење, простор за 40 деца и 30 возрасни.

Ви нудат современо уреден простор, беспрекорно чист и безбеден амбиент, квалитетна опрема за неограничена детска игра, тематски декори, фотографии на ЦД кои ги добивате веднаш, мени пакети кој вие сами ќe ги одберите, годен подарок за славеникот и многу други новитети…

Термините за детските родендени се во работните денови од 17:00-19:00 ч. и 19:30-21:30 ч.

Во неработни денови и за време на викендите: 13:00-15:00 ч. 17:00-19:00 ч. и 19:30-21:30 ч.

Доколку имате некоја посебна желба при изборот на пијалок, менито и околу самиот роденден, слободно прашајте и обратете се на нивниот маил [email protected] или на телефоните 075/541-270 и 077/643-793!
Нека Ви е со среќа PlayZone Битола!