Марјан Секуловски по четврти пат ќе седне на клупата на Пелистер и ќе се обиде како во претходните три ситуации да го воскресне неговиот матичен клуб. По враќањето од Азија, Секуловски доби повик од акционерот на клубот, Општина Битола и прифати да се обиде да го спаси од испаѓање клубот кој ја брани титулата од Купот на Македонија.

Помошник на Секуловски ќе биде Пеце Миленковски, со кого соработуваше и во првиот негов мандат во клубот под „Тумбе кафе“. Битолчани утре во 11.00 часот со прозивката и првиот тренинг ќе ги започнат подгототвките како последен клуб во ПМФЛ. Екипата остана без 15-16 професионалци и на 5-6 фудбалери кои останаа од есенскиот ростер (Петровски, Атанасовски, Петар Љамчевски, Миленковски, Тодоровски, Трифуновски) ќе им се приклучат Неданоски, Ристе Илијоски, Благојче Марковски, Марјан Котевски и уште неколку талентирани младинци.
Клубот деновиве ќе доведе уште неколку засилувања, повратници во матичниот клуб, а планирани се и 2-3 странци за комплетирање на ростерот. Пелистер презими како деветти во ПМФЛ со подобар скор само од Скопје и се наоѓа во полуфиналето на Купот на Македонија. 

Извор Гол.мк