Во текот на следниот период, два влажни воздушни бранови ќе ја зафатат нашата територија и ќе условат врнежи од дожд и од снег.

Првиот влажен бран ќе не зафати во сабота доцна попладне и навечер, а истиот ќе продолжи и во текот на ноќта кон недела. Овој влажен воздушен бран ќе услови врнежи од дожд на ниските и снег на повисоките места и на планините каде ќе дојде до формирање на снежна покривка, додека таму каде што веќе ја има истата ќе дојде до нејзино зголемување.

Не се исклучува можноста снежната граница да се спушти и на надморска височина до околу па и нешто под 1000 м.н.в и тоа особено на запад, каде спаѓа нашата Битола и битолско и на северозапад.

Во недела врнежите ќе престанат накратко, додека веќе во текот на ноќта кон понеделник и во понеделник, под влијание на нов влажен бран ќе има нови врнежи од дожд на пониските и снег на повисоките места и на планините. Снежната граница повторно е можно да се спушти и до околу па и нешто под 1000 м.н.в.

Исто така во понеделник ќе има услови и за ретка појава на грмежи а во текот на ноќта, сабота кон недела ќе дува и умерен, повремено засилен северен ветер додека во понеделник најпрвин ќе биде од југозападен, а потоа од северозападен правец.

Максималните дневни температури во текот на овој период ќе се искачуваат во интервалот од 3 до 10 степени додека малку потопло ќе биде особено во сабота, кога температурите ќе се искачуваат во интервалот од 6 до 13 степени.

Минималните температури пак и понатаму во делови од државава ќе се спуштаат во негатива, односно под нулата.

Подготви: Славчо Попоски