Семејството Данабаши или Данабаш, кое во поново време се состоело од двајца браќа, Јанко и Петар, меѓу двете светски војни било едно од најбогатите во Битола. Јанко оформил семејство (имал сопруга и три ќерки), Петар останал неженет. Заедничката трговска фирма имала врски со повеќе европски центри, со кои коренспондирале на француски јазик, а со муштериите во градот на 9 јазици, потврдувајќи го познатиот битолски космополитизам. Покрај трговската фирма, имале и движен и недвижен имот, шуми, земјиште од повеќе хектари во Пелагонија, што станало и мамка за грабежи. Еден таков, со кобен крај, се сдучил во 1927 год. кога Петро бил убиен при грабежот. Убиецот подоцна е пронајден и уапсен, а гробот на Петро се уште се препознава на Буковските гробишта со неговото торзо и со написот „Мучки убиен“.

Трите ќерки на Јанко се носеле мошне елегантно и богато, дури станале и синоним за убаво дотерани моми. Така настанал и изразов, се уште фреквентен во Битола.

А.Стерјовски “Калеидоскоп”