Една од најпознатите македонски песни „Македонско девојче“ е испеана за ќерката на битолчанката Виолета Томовска, Невена, која заедно со битолчанецот Јонче Христовски, пејач, текстописец и композитор ја смислиле на нејзиниот прв роденден:
“Премиерно ја слушнавме на првиот роденден на ќерка ми Невена во 1967 година. Славевме кај нас дома, а гости ни беа Кочо Петровски, кумот Кирил Манчевски, Јонче Христовски…

Пеевме и се смеевме по вечерата, а тогаш Јонче рече: „Оваа песна и ја подарувам на Невенка, но и на сите македонски девојчиња”…раскажала Виолета Томовска.

Македонско девојче отпејана од Каталонска пејачка и Барселона Балкан Џипси Оркестар: