Денес започнуваме едно ново, заедничко дружење со нашите пријатели веб страната www.mojrodenkraj.com.mk. Дел по дел ќе ги промовираме и запознаваме убавините на населбите кои се наоѓаат околу нашиот град. Започнуваме со с. Брусник. Населбата се наоѓа во подножјето на Баба Планина, западно од градот на оддалеченост од околу 3 км. Населбата е ридска и се наоѓа на 870 м надморска височина.

Во селото има споменик на паднатите борци во НОБ и прекрасни стари градби, со интересна архитектура. Во 1948 година во населбата се регистрирани 964 жители, а по 1961 година, кога броело 898 жители, започнало интензивно да се раселува; најголем број се во Битола, Скопје, а особено во Австралија, САД, Канада и Европа. Така во 2008 г. бројот се намали на 186. Се смета дека повеќе од 2 000 брусничани се иселиле во странство. Во последните неколку децении изградени се повеќе викендички. Со шест цркви Брусник многумина го именуваат за „Битолска Света Гора“.

св.Спас во Брусник
с.Брусник поглед од дрон

 

Галерија и повеќе фотографии на http://mojrodenkraj.mk/village.php?id=150

Ви благодариме…