Времето ќе биде сончево со мала локална облачност но ќе дува умерен, повремено и локално засилен ветер од северен правец кој нема ни малку да влијае на температурите на воздухот.

Се на се летото и понатаму ќе го имаме во изобилство па тие што се љубители на истото и на плажирањето и натаму слободно можат да се освежуваат во реките и езерата низ државава.

Максималните температури на воздухот ќе бидат навистина летни и ќе се искачуваат во интервалот од 26 до 34 степени додека УВ индексот ќе има висока вредност и ќе има коефициент некаде од 6 до 7 па затоа со себе добро би било и натаму да носете заштитна опрема односно капа и наочари за сонце.

Во Битола и битолско до 30 степени.

извор:Славчо Попоски

Leave a Reply