Сакаме јадења како што е ова, каде иако нема месо, делува богато и е вкусно. Избраните зеленчуци се по наш избор, вие можи да си направите сопствени комбинации. Ова е побогата варијанта која вклучува јајца и кашкавал за прелевање.

Количината е за двајца.

Состојки:

7-8 пиперки
1 поголем модар патлиџан
3-4 домати
300 мл доматно пире
5-6 чешниња лук

1 кромид
зачини по вкус, црн пипер, сол
магдонос

За прелевање:

1 јајце 200 гр рендан кашкавал
1 лажица павлака

200 гр рендан кашкавал
1 лажица павлака

Подготовка

Прво, исечете ги пиперките на парчиња и запржете ги.

Откако ќе ги испржите, ставете ги во земјена тава. Во истото масло од тавата запржете го модриот патлиџан исецкан на ленти.
Откако ќе се испржи, наредете гo врз пиперките. Потоа во истата тава ставете го исецканиот кромид и исечканите излупени домати. Нека се запржат и додадете го доматното пире, лукoт и зачините и додадете поголема количина сецкан магдонос. Нека повари 10-тина мин.
Кога доматниот сос е готов, турете го врз пиперките и патлиџанот и ставете го тавчето да се печи на 250 степени се дур не добие тенка кора на површината.
Потоа извадете ја тавата и додадете одозгора мешавина од рендан кашкавал, јајцето и павлаката и вратете ја повторно во рерната да се допечи уште неколку минути додека не се стопи кашкавалот.

Уживајте!