Во текот на следната недела поточно во понеделник попладне ќе има локална нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот, а не се исклучува можноста и за ретка појава на град.

Потоа од вторник има услови за помала нестабилност барем отсега гледано има само на планинските места, а времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност.

Особено во вторник ќе дува слаб до умерен ветер од северен и од североисточен правец кој особено на северот од државава ќе засилува по интензитет.

Максималните температури на воздухот и понатаму ќе се искачуваат во интервалот од 28 до 35, 36 степени.

Слична временска ситуација е и за Битола и околината со максимум на температурата до околу 30 степени.

НАПОМЕНА: Со оглед на тоа дека се работи за неделна анализа на времето промени на истата се можни но околу тоа понатаму навремено и најпрецизно ќе бидете информирани.

За подетални информации контактирајте ме на мојот официјален фејсбук профил каде можете да ја погледнете и секоја ново – обновена временска состојба – СЛАВЧО ПОПОСКИ!