Вистинска битолска приказна. Месец август некоја 50та, 60та или 70та година од прошлиот век. Напишана во некој тогашен југословенски весник. Политика можеби. Во цело едноумие се појави еден храбар човек кои размислуваше безвременски, се појави еден човек кој успеа и спаси еден дел од Битола, еден дел кој денес ни е најдраг и по кој сите не препознаваат. Дел од печатот на европска Битола. Никој не успеа да го одбрани Пекмез Пазар и стариот Театар, дуќаните на Еврејските касапи и по Булеварот, ниту куќите и црквите во близина на ул. Борис Кидрич и Стара Болница, светски познатата Шехерезада која била со 7 чешми, итн….Но ете имало и една среќна околност, на вистинското место се појави еден разумен човек – др.Јован Калаузи.

Сето тоа започна на една седница на Народниот одбор на општина Битола каде бил усвоен план за концентрирање на стамбената изградба на четири улици и тоа Иван Милутиновиќ, 4 Ноември, Борис Кидрич и Маршал Тито. Со ова решение се прекинува стамбената изградба во другите делови на градот. Во споменатите улици ќе се одвива и приватна и општествена стамбена изградба- (Одлука според која ден денес ги гледаме нејзините недостатоци кои се препознатливи во центарот на градот, од зголемена густина на население, повеќе возила, врева и загадување)

Битола нема веќе да оди во ширина

Зад ваквото решение на одборот претходија многу дискусии и критики на сметка на урбанистичкиот план на Битола. Констатирано е да досегашната станбена изградба не се одвива сосема по планот бидејќи урбанистичкиот план треба да се менува во целост. Решението сепак се нашло. Архитектот Гога Видимче објаснил дека во овие четири улици можат да се градат станови три години без намалено темпо и да тоа нема да смета на општа корекција на планот. Одборниците се согласија со ваквото решение. Одборот го прифати и барањето на урбанистичката служба да се запри индивидуалната станбена изградба која до сега правела големи проблеми. Градот растеше во ширина а за тоа биле потребни многу нови комунални објекти. За тоа не биде така повеќе решено било да се оди во висина. Ниската градба на цел дел ќе отпадни а со неа практично и индивидуалната градба. Приватна иницијатива се разбира нема да има ограничувања али граѓаните да се преориентираат на згради наместо куќи, згради кои ќе ги градат претпријатија и каде ќе бидат запазени сите норми, додека сите куќи што се непрописно изградени ќе мора да се срушат.

Да се зачува стариот печат на „европска” Битола

Новата ориентација во станбената изградба одборот едногласно ја прифати. Мислењата меѓутоа беа поделени кога се постави прашање на судбината на главната битолска сообраќајница Улица Маршал Тито. Архитектите се сложија да нејзината десна страна со стариот и уште добар дел згради кои се со голема историска и архитектонска вредност треба да се зачува. За еден дел од левата страна – од Малиот  до Големиот плоштад предложија две варијанти: да се изгради пасаж и со тоа да се прошири улицата за седум метри, а тротоар да се изгради под фасадите или да се рушат сите згради и со тоа така да се прошири улицата и тротоар по потреба. Инжињерот Видимче се заложи за ова второто решение. Против ова решение прв се побунил одборникот др. Калаузи. По негово мислење треба да се зачуваат сите згради затоа што овај дел, како што тој се изрази “го носи печатот на европска Битола” град кој некогаш бил најголем во Македонија и немало друг како него. Се донесе решение да се отфрлат двата предлози и да се усвои предлогот за конзервација на „критичниот“ дел на главната улица. Сега урбанистите треба да го изменат својот план за главната улица кој се засноваше за рушењето на овој нејзин дел.

Р. Невеновски (50, 60, или 70тите од прошлиот век)