На 03 јуни 2018 г. со почеток во 10.00 – 18.00 ч. во долниот парк кај шеталиштето во Битола ќе се одржи хуманитарен настан каде ќе се собираат средства за реализација на кампот за хипотерапија во организација на Здружението Кане Корзо од Скопје.

Хипотерапијата има исклучителни тераписки ефекти кај луѓето, бидејќи коњите имаат поголема топлина од човечкото тело и во комбинација со нивниот помал пулс го имаат истото движење како кај луѓето.

Се планираат да се соберат над 2.500 € за изградба на Кампот кој ќе биди над ЗОО Битола на површина од 7000 м2 и каде ќе има грижа како за напуштените коњи кои се шетаат низ Битола така и за кучињата скитници.

Со купување на шоља или маица покрај тоа што донирате добивате и ГРАТИС 160 часа јавање.

Некои трчаат, некои одат, некои летаат… Да се избориме за тие кои летаат но неможат да одат…

Повелете недела 3 Јуни 2018 г. почеток во 10 ч., во долниот Парк кај шеталиштето ќе има коктел, мафини, маскота, супер и профи фотки, друштвено коњче и професионален тренер…

Заедно можиме повеќе, заедно нема невозможни соништа…