На 3-тиот Меѓународен урбанистички конгрес што се одржа во Стразбур, на Генерaлната дирекција на Вакфи од Турција, на свечена церемонија им беше доделена наградата за архитектонска заштита на битолската Хајдар Кади Џамија.

Церемонијата за доделување на награди “IdealKent” (Идеален град) која е во организација на истоименото списание се одржа во зградата на Советот на Европа во Стразбур.

Џамијата Хајдар Кади, обновена од Генерална дирекција на Вакфи на Турција, ја доби наградата: Архитектонски зачувувања.

Претходниот изглед

Во име на Аднан Ертем, генерален директор на дирекцијата, наградата ја прими заменик-генералниот директор Али Хурата.

Џамијата Хајдар Кади, позната како принцеза на Балканот, беше отворена по завршувањето на реставрацијата на крајот на 2016 година.

Од Анкара, Турција
Мартин Николовски