Битолчанката Наде Геневска Брачиќ заедно со колешката Бранка Хајдиќ работат на селекција на носии од Македонија во Фондот на музејот во Дубровник.

Изложбата се планира да биде поставена во 2020 година. Во склоп на овој проект беше и отворањето на изложбата и предавањето за дејноста на браќата Манаки, гледано од друг агол, од значење за етнологијата и визуелната антропологија.

На 20 паноа се претставени фотографии од градското облекување во Битола и народните носии од Битолско Поле, Горните Битолски села, Демирхисарско и Смилево. Изложбата и предавањето беа проследени со снимки од браќата Манаки. Изложбата и предавањето беше одржано на 12-ти Септември 2018 г. во етнографскиот музеј “Рупа” во Дубровник.