Зрн-зрн!

Битолчани дали сте се спремни за нова вело дружба?

Оваа Критична Маса е посветена против сите стереотипи кои се поврзани со возењето точак: Дека точак возат само луѓето од пониските социјални слоеви

-Дека за на точак треба да си облечен по тренерки…

-Дека луѓето не ги личи да се дотераат и да си одат на работа на точак секојдневно…

-Дека не е кул да се оди на училиште на точак во најновите алишта…

-Дека не може да се вози со фустан, со штикла, итн…

Да потсетиме, Битолчани возат точак пред се дека Во ваков сообраќаен метеж тоа е најбрзото превозно средство за движење низ град…

Заради сопственото здравје…

Заради креирање заштеда со која можеш да си дозволиш дополнителни удобства…

Дека во градов има и луѓе кои имаат повисока свест и мислат на јавното добро возејќи со цел намалување на загадувањето во градов, растеретување на метежот во сообраќајот, подобрување на безбедноста итн.
Затоа драги точакољупци, овој четврток СМЕЛО и ГОРДО, СВЕТНЕТЕ СИ ГИ ТОЧАЦИТЕ, ДОТЕРАЈТЕ СЕ ВО НАЈУБАВИТЕ АЛИШТА и ајде сите заедно во заедничка вело дружба која ќе започне Магнолија и ќе заврши во Бар Чаршија.

Да возиме КАКО ПРАВИ ДАМИ И ГОСПОДА!

Секој може да биде дел од критичната маса. Но, со оглед на тоа што самата критична маса е флеш моб и анимирање на јавноста за нашата присутност на битолските улици и воедно е добра забава за самите учесници, ве повикуваме сите да бидете креативни со стилот на облекување со цел да придонесете за оваа вело-дружба да биде супер успешна и интересна за сите кои возиме, но и за луѓето кои ќе имаат прилика да ја погледнат.

На најтрудољубивите учесници ќе ви подариме БитолаНаТочак стикери (Благодарност до Бабук ВаоиК): Најдотеран Г осподин, Најдотерана Дама, Нај ретро точак, Најукрасен точак….

Ве очекуваме со вашите супер Идеи!

Слободата во движење е наше право. Да го направиме тоа супер прекрасно искуство! НаТочак е дефинитивно повторно во мода!

30 Август 18.00 ч. плоштад Магнолија