hdr

МЕТЕОРОЛОГОТ ПОПОСКИ ПРОГНОЗИРА: ВИСТИНСКО ЛЕТО СО ПЕКОЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ СЕУШТЕ НА ЧЕКАЊЕ

Северен ветер, посвежо време и со пониски температури на воздухот но и нестабилното време ќе продолжи се до крајот на денот и на самиот почеток од новата работна недела.

Особено нестабилно ќе биде на запад и на исток каде на повеќе места ќе има пороен дожд, грмежи и засилен ветер а не се исклучува можноста и за локална појава на град.

Нестабилноста ќе биде најмногу застапена од пладневните часови па натака.

Ќе продолжи да дува северен ветер кој ќе условува посвежо време со пониски дневни температури на воздухот кој ќе се искачуваат во интервалот од 23 до 31 степен додека нешто посвежо останува на крајниот запад.

Бидете и вие дел од најновата временска прогноза. Секој ден, на ова место! ИНФО ТУКА!

Одсега гледано значително повисоки температури би имале за време на следниот викенд но поради тоа што станува збор за подолгорочна прогноза промени на истата и тоа како се можни.

Услови за нестабилност ќе има и во Битола и битолско на самиот почеток од новата работна недела и тоа особено од пладневните часови па натаму.

Максимумот на температурата ќе се искачи до околу 26 степени.

За подетални информации контактирајте ме на мојот официјален фејсбук профил каде можете да ја погледнете и секоја ново – обновена временска состојба – СЛАВЧО ПОПОСКИ.